ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комисијата за заштита од дискриминација бара пари и вработувања

Комисијата за заштита од дискриминацијата работи со недостиг на стручен кадар и услови за работа и пет месеци по нејзиното формирање. Членот на Комисијата Весна Бендевска, вели дека во моментот немаат доволно буџет за да можат да вработат соодветен персонал. Таа додава дека трансферот на персонал од други институции е тежок поради административни процедури.

Advertisements

Бендевска се надева дека до септември ќе има 10 до 13 вработени, колку што им е дозволено и колку што имаат капацитет до декември оваа буџетска година, како и да имаат сопствен софтвер. Од ова тело очекуваат дека за време на ребалансот на буџетот, кој треба да биде одобрен во јули, ќе добијат повеќе пари.

Од Собранието не одговорија дали планираат да одвојат дополнителен буџет за оваа комисија. Бендевска вели дека досега добиле поддршка само од британската амбасада во Скопје, за зајакнување на нивниот професионален капацитет според париските принципи, но и од ОБСЕ за веб-страницата и потребниот софтвер. Собранието во 2019 година донесе нов закон за заштита од дискриминација.

Првично, овој закон беше одбиен од Уставниот суд бидејќи не беше донесен со доволен број гласови. Потоа, во октомври 2020 година Собранието повторно гo донесе и во февруари годинава беше формирана новата Комисија. Законот беше едно од барањата на меѓународните институции.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button