Коморскиот инвестициски форум – непречено движење во земјите од Западен Балкан

Коморскиот инвестициски форум до државите во регионот испрати иницијатива до сите премиери на земјите од Западен Балкан да се обезбеди непречено движење на лица низ регионот. Акцентот е ставен на деловните ангажмани на лица кои одреден дел од годината работата во соседните земји.
Предложено е воспоставување на т.н. „зелени ленти“ за непречено движење на овие лица низ регионот на Западен Балкан, кои би се применувале без оглед на можното влошување на епидемиолошката состојба во земјите од регионот во периодот што претстои. Освен лица, на приоритетната листа на бизнисот се и непречен проток на храна, медицинска опрема и медицински средства.
„Меѓу сите шест држави од Западен Балкан да бидат изедначени правилата и протоколите кои ќе ги уредуваат условите под кои ќе им биде дозволено патување на лицата кои треба да патуваат од деловни причини или поради извршување работни задачи во некоја од другите држави на Западен Балкан“, рече д-р Татјана Штерјова-Душковска Стопанската комора на Македонија.