ВЕСТИ

Комплетиран владиниот тим

Комплетиран владиниот тим

Со објавувањето на министрите од ВМРО ДПМНЕ, се комплетираше новиот владин кабинет. Министер за одбрана ќе биде попретседателот на партијата Владо Мисајловски, а другиот партиски попретседател Александар Николовски ќе биде вицепремиер и министер за транспорт. Министер за внатрешни работи ќе остане Панче Тошковски. Вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците ќе биде Иван Стоиловиќ, од српската партија во коалицијата, градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, ќе биде министер за надворешни работи и трговија. Со финансии ќе раководи Гордана Димитриевска Кочовска, а со Министерството за енергетика, рудници и минерали ќе раководи Сања Божиновска. Цветан Трипуновски ќе го преземе раководењето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Весна Јаневска Министерството за образование и наука. Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински, а за Култура и туризам Зоран Љутков. Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе раководи со Министерството за дигитална трансформација, а Борко Ристовски ќе биде министер за спорт. Коалицискиот партнер на Мицкоски, Љупчо Димовски, ќе биде вицепремиер за политички систем, а Шабан Салиу ќе биде министер без ресор, посветен на спроведување на Декадата на Ромите.

ВМРО-ДПМНЕ
1. Министер за одбрана – Владимир Мисајловски
2. Министер за транспорт (вицепремиер) – Александар Николовски
3. Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
4. Министер за односи меѓу заедниците (вицепремиер) – Иван Стоилковиќ
5. Министер за надворешни работи и трговија- Тимчо Муцунски
6. Министерка за финансии – Гордана Димитриеска Кочовска
7. Министерка за енергетика, рудници и минерални суровини – Сања Божиновска
8. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
9. Министерка за образование и наука – Весна Јаневска
10. Министер за локална самоуправа – Златко Перински
11. Министер за култура и туризам -Зоран Љутков
12. Министер за дигитална трансформација – Стефан Андоновски
13. Министер за спорт – Борко Ристовски
14. Вицепремиер за политички систем – Љупчо Димовски
15. Министер без ресор, за спроведување на Декадата на Ромите – Шабан Салиу

КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ ќе има шест министри во кабинетот, а нивните имиња се веќе потврдени од партиите. Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Арбен Таравари ќе се врати на функцијата министер за здравство, Орхан Муртезани ќе биде министер за евроинтеграции, Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади и Бесарт Дурмиши, министер за економија и труд. Арбен Фетаи ќе биде заменик-премиер одговорен за добро владеење и политики и транспарентност.

ВРЕДИ
1. Министер за животна средина и просторно планирање (прв вицепремиер) – Изет Меџити
2. Министер за здравство – Арбен Таравари
3. Министер за европски прашања – Орхан Муртезани
4. Министер за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани
5. Министер за економија и труд- Бесар Дурмиши
6. Вицепремиер за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи

Своите кандидати ги потврди и партијата на Максим Димитриевски, „ЗНАМ“. Следниот министер за правда ќе биде Игор Филков, а министер за јавна администрација ќе биде Горан Минчев.
ЗНАМ
7. Министер за правда – Игор Филков
8. Министер за јавна администрација – Горан Минчев./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button