„Комунална Хигиена“ и „Паркови и Зеленило“ се жалат на притисоци и закани од ДУИ

Во еден е-маил упатен до медиумите, работниците на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ реагираат против ДУИ и функционерите на оваа политичка партија поради, како што велат, нивна злоупотреба за собирање политички поени, додека од друга страна, како што се наведува во нивната реакција, поголемиот дел од Албанците вработени во овие две јавни претпријатија се распоредени на тешки работни позиции и без здравствено осигурување. Во реакцијата на вработените од „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ исто така се наведува дека биле принудени да се фотографираат за политичките партии под закана дека во спротивно ќе останат без работа.
„Господа политичари, Ви се обраќаме со ова писмо за да ве замолиме да нè оставите на мир. Ние сме голема група албански вработени во јавните претпријатија ‘Комунална хигиена’ и ‘Паркови и зеленило’, и ве молиме да не нè вклучувате во вашите реклами и политичка пропаганда. Во овие две претпријатија, освен неколкумина ваши блиски пријатели, мнозинството Албанци се распоредени на тешки позиции, без решение и без никаква осигурителна поддршка. Неправедно е да нè заканувате и да ја искористувате нашата состојба за да тврдите дека ве поддржуваме. Нè ставате во тешка положба: или треба да се сликаме со вас нешто што не го посакуваме или ќе останеме без работа и без какви било други можности“, се вели во писмото од вработените во ЈП „Комунална хигиена“.
Реакцијата на вработените во „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ доаѓа по објавувањето на видео од страна на ДУИ, во кое се тврди дека над 50 граѓани од Чаир и Сарај се повлекле од други партии и им се приклучиле на ДУИ.
Авни Тахири