ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Комуналните претпријатија пред банкрот

На сите 90 јавни комунални претпријатија од Македонија им се заканува банкрот поради високите сметки за струја кои ги добиваат во изминатгиов период, алармираат од здружението на овие компании. На тој начин ќе има и прекин на нивната работа. Доколку централната власт не изнајде решение за нивниот проблем ќе бидат приморани да ги зголемат цените на услугите кои ги даваат на граѓаните.

Advertisements

„Како можно решение за оваа состојба да не се случи, граѓаните да не плаќаат повисоки сметки АДКОМ предлага јавните комунални претпријатија да плаќаат струја по единствена цена за киловат час од 5,28 денари како што плаќаат физички лица, односно во блок три без пресметка на евтина и скапа тарифа и финансиска помош од државата за покривање на разликите помеѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија“, рече Пеце Милевски претседател на АДКОМ.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика јавно порача дека на комуналните претпијатија кои се под општините ќе мора да им се помогне. Како за приватните компании, така и за јавните претпријатија ќе треба да се обезбеди струја од Бугарија но и други енергенси од соседните држави, додава регулаторот.

„Овие цени на електрична енергија и на природен гас нема да може да ги издржат ниту компаниите од ниту една европска држава. Ние во моментов реално имаме шпекулативни цени на берзите на електрична енергија. Реалната производна цена на термоелектраните на нуклеарните електрани на хидроелектраните не е поразлична од таа што беше пред две или пред три години“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Регулаторот се надева дека во најскоро време ќе се намалат ценовните турбуленции на берзите, откако Европската комисија ги ограничи цените на електричната енергија. Инаку, сметките за струја на комуналните претпријатија според информациите од почетокот на енергетската криза до денес се зголемени и за 1000 проценти.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button