ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коњари никако да најде мир од ископот на песок

Жителите на Коњари повторно протестираат против ископувањата на песок во близина на реката Пчиња. Бараат Министерството за економија да ѝ ја прекине концесијата на компанијата која ископува минерални суровини и ја загадува водата за пиење, земјоделското земјиште, воздухот и го загрозува животот на жителите.

Во Коњари раскажуваат каков бил овој простор пред ископувањата. Сега е создадено вештачко езеро кое стигнало на околу 100 метри од првите населени куќи.

„Иако ова место е на Средно Коњари тие му го дадоа под концесијата за Долно Коњари, а копаат во нашето село. Не знаеме што да правиме, нема место каде не сме биле, бевме кај сите министри, кај претседателот на државата. Еднаш ја одземаа концесијата, но судот повторно им ја врати. Ние повторно излеговме да протестираме затоа што ни се доближија на само 100 метри од куќите. Немаме каде да одиме, ние сме допрени до ѕид, нема каде да одиме…“

„Овде е многу јасно дека некој ги штити, не е можно толку многу да издржи една компанија и да направи ваква штета без да има поддршка од некоја парија или висок функционер…“

„Велат дека местото дадено под концесија е заградено, а тука како што гледате нема ништо заградено, ниту се знае до каде е, каде се точките, ништо не се знае. Второ, вели каде што има речно корито нема ископ 50 до 70 метри нема право да копа, а тука нема ни 50 метри, мојата куќа не е ни 100 метри од тука, опасноста е многу голема“, реагираат жителите.

Поради констатирани прекршоци од страна на инспекторатот, Владата еднаш му ја одзеде концесијата на претпријатието, а министерот за екомомија Крешник Бектеши изјави дека концесионерот е должен сите отворени дупки да ги покрие со земја. Но, потоа судот ја прифати жалбата на концесионерот, владината одлука за еднострано раскинување на договорот беше поништена и ископот повторно продолжи. Прашавме во Министерството за економија дали сега ќе се преземат нови мерки, но одговор не добивме.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button