ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Конечно канадерите за гаснење пожари ќе одат на сервисирање

По околу три години надвор од употреба, ќе се сервисираат трите противпожарни авиони. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, го потпиша договорот со компанијата „Титан“, чии претставници во понеделник се очекува да дојдат во земјава за испраќање авионите во Валенсија, Шпанија.

Advertisements

„Сервисирањето ќе треба да заврши во рок од 60 дена, од моментот кога ќе ги добијат авионите. Тоа е максималното времетраење на сервисирањето. Се надеваме дека ќе ги вратиме сите авиони пред Нова година. 25 милиони денари за трите авиони“, рече Беким Максути – директор на Центарот за управување со кризи.

Максути вели дека авионите досега не биле сервисирани бидејќи компанијата дала понуда за 40% повисока од парите со кои за таа намена располагала Дирекцијата и – како што вели, поради погрешни одлуки на негови претходници. Дирекцијата располага со 5 пилоти за летање со овие авиони.

„За жал, еден од оние со кои беше потпишан договор пред неколку години, оди во пензија следната година. Во таа насока, ќе бидеме отворени, бидејќи мислам дека има млади луѓе кои имаат дел од сертификатите, да ги донесеме во дирекцијата и да ги испратиме на обука“, додава Максути.

Нефункционалноста на канадерите годинава скапо ја чинеше земјава. Многу од пожарите кои гореа не можеа да бидат изгаснати од земја, па нанесоа огромни штети. Во отсуство на нашите авиони, останавме на „милост и немилост“ на соседните земји. Еден лет на противпожарен авион чини од 2 илјади до 3 илјади евра.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button