СПОРТФУДБАЛ

Конечно, Усмане Дембеле е новата ѕвезда на ПСЖ

ПСЖ објави дека го комплетира трансферот на Усман Дембеле од Барселона, напаѓачот потпиша петгодишен договор со францускиот клуб. Трансферот на Дембеле од Барселона во ПСЖ и официјално е реализиран.

Advertisements

 

„Усман Дембеле му се приклучи на ПСЖ од Барселона. Светскиот шампион, кој ќе го носи дресот со број 23, потпиша петгодишен договор“, стои во соопштението на клубот.

 

Дембеле вели дека е многу среќен што ќе игра за ПСЖ.

 

„Многу сум среќен што дојдов во ПСЖ и со нетрпение чекам да почнам да играм за моите нови бои. Се надевам дека ќе продолжам да се развивам тука и ќе ги направам сите навивачи горди“, изјави Дембеле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button