Конфедерација на синдикати: „Да пораснат платите и во приватните фирми“

Покрај јавниот сектор, платите да се зголемат и на вработените во приватниот сектор. Ова е барањето на Конфедерација на слободни синдикати испратено до пратениците во Собранието. Тие бараат со амандманска интервенција во предлог-ребалансот на буџетот да се одвојат една милијарда денари за да може да им се помогне на работниците и во приватниот сектор. Конфедерацијата дава поддршка на барањата за зголемување на платите и во јавниот сектори.
„Поради тоа што имаме огромна инфлација, енергетска и економска криза каде што очекуваме струјата да биде покачена, бараме овие работници да ги преживеат овие месеци да се подготват за тешката зима како што вели Владата. За сите вработени коишто имаат нето плата од 18 илјади до 21 илјади, да добијат по три месеци по три илјади денари и за сите вработени од 21 илјади до 24 илјади да добијат три месеци по две илјади денари“, рече Благој Ралповски-Претседател на Конфедерација на слободни синдикати.