ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Конференција за унапредување на реформите во правосудството и враќање на довербата во правосудниот систем
Конференција за унапредување на реформите во правосудството и враќање на довербата во правосудниот систем

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството денеска организира конференција „Унапредување на реформите во правосудството – Kон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем“.
Конференцијата се организира по повод Денот на македонското правосудство – 31 Март, а во рамки на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година“, информираат организаторите.
Како што е најавено, конференцијата ќе се одржи во хотел „Александар Палас“-Скопје“ во форма на хибриден настан, кој ќе се следи непосредно, како и преку платформата „зум“.