ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Конфискација на дивоградби – вклучен алармот во охридско-струшкиот регион

Идејата за конфискација на нелегално изградените објекти, наместо нивно уривање, не е добра, и е против законска, вели Димитар Зарчев, архитект и поранешен прв градски архитект на Охрид. Смета дека тоа само може да го стимулира градењето на диво.

Advertisements

„Конфискацијата е опасна работа.Општо за друштвото за општеството е опасна работа. Штом ти некого му го одземиш објектот, го бркаш, а тој го направил на пример за хотел, а ти му го конфискуваш како хотел, зошто му го земаш. Дај му шанса да работи и да плати се што треба. Или ако неможе да се легализира, нема да го конфискуваш,таа конфискација е ограбување“, рече Димитар Зарчев- архитект во пензија.

Предлогот за конфискација произлезе од градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, со цел како што вели да се спречи понатамошната експанзија на нелегално изградени објекти. Но Зарчев, вели дека ваквите градби треба да се спречат уште на самиот почеток, а не кога веќе ќе бидат изградени.Вели дека и во сегашниот закон постои можност за конфискација, но како крајна мерка.

Особено на оваа тема е засегнат Охридскиот регион, каде УНЕСКО бара справување со нелегално изградените објекти. Охридскиот градоначалник вели дека во Охрид, има делови каде сепак мора да има уривање.

„Не сум сигурен дека конфискацијата како постапка е најсреќен избор и реалност , посебно за град како што е Охрид. Така што кога се разговара за Охрид, конфискација на имот и дивоградби имаме некои процеси што за нас се приоритет во моментот и натаму треба да бидеме насочени, посебно во делот на препораки и мерки од УНЕСКО што треба да ги завршиме во периодот што следи“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

И струшкиот градоначалник Мерко е против конфискацијата – и мерката го потсетувала на конфискација на автомобили, кога институциите им ги одземале на сопствениците,па потоа ги продавале.Смета дека подобро било да бидат казнети тие што граделе на диво, отколку да им се одземе и продаде имотот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button