ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Конфискација на имот за сè сомнително над 50.000 евра

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка влезе во фаза на јавна расправа. Законските одредби предвидуваат конфискација на неоправдани средства, поточно имот стекнат со корупција и посериозни кривични дела. Укажувањето ќе може да се изврши и анонимно до надлежните институции, додека конфискацијата мора да биде потврдена со пресуда. Границата која ќе се зема како основ за постапување кон конфискација е 50.000 евра.

Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека со донесувањето на овој закон ќе се пополни празнината која досега им ги држеше врзани рацете на органите за кривично гонење и спречување корупција поради неможноста да се докаже изворот на богатството.

Во однос на содржината на законот, мислење и помош е побарано и од Европската комисија. Од заедницата на експерти препорачуваат допрецизирање на одредбите преку кои може да се констатира дека предметниот имот е прибавен на незаконски начин.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button