
Има многу крлежи, особено во лето, а како резултат на глобалното затоплување нивната активност е поинтензивна, но не сите крлежи се заразни и нема потреба од паника. Со ваков апел денска излезе претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски по средбата на која се разговараше за состојбата со хеморагичната конго-кримска треска. Тој вели дека ситуацијата е под контрола, има доволно тестови и терапии, а вирусот не се пренесува лесно.
Здравствената состојба на медицинската сестра која беше втор пациент заболен од оваа болест е стабилна. Последниот случај беше забележан во саботата вечерта кај 42-годишен велешанец.
Ајнур Бафќари