ЗДРАВСТВОСВЕТ

Конго: Непозната болест се шири меѓу децата и неухранетите, починаа 31 лице

Непозната болест се шири во Конго пред се кај децата, а загрозени се и неухранетите луѓе, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), која испрати свои експерти во регионот да ја испитаат епидемијата.

Advertisements

Во најновиот извештај СЗО објави дека во периодот од 24 октомври до 5 декември се регистрирани 406 случаи на мистериозната болест, а од нејзините последици починале 31 лице, пренесе Ројтерс.

Симптоми на болеста, чија причина не е утврдена, се треска, главоболка, кашлица, течење на носот и болки во телото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button