ВЕСТИСВЕТ

Конгресот на САД утре формално ќе го потврди изборот на Трамп за претседател

Зимската бура што пустоши низ САД нема да го спречи американскиот Конгрес да се состане утре за формално да го потврди изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател, изјави претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон.

Advertisements

„Законот за броење гласови бара ова да се направи на 6-ти јануари во 13:00 часот. Значи, снежна бура или не, ќе бидеме во тој Дом и ќе се увериме дека тоа е готово“, рече Џонсон во интервју за „Sunday Morning Futures“ на Фокс Њуз.

Џонсон рече дека се надева оти сите ќе бидат присутни и покрај невремето и ги охрабри пратениците да останат во градот.

Прогнозите предвидуваат обилен снег и силен ветер, објави Националната метеоролошка служба. Издадени се предупредувања за силни временски услови за источната половина од земјата, вклучително и предупредувања за снежна бура во делови од Канзас.

Се очекува во Вашингтон да наврнат од седум до 18 сантиметри снег, што ќе го отежне патувањето и евентуално ќе ги затвори училиштата, владата и деловните субјекти.

Лошото време може да предизвика проблеми во метрополитенската област Вашингтон, која имаше благи зими во изминатите децении и понекогаш беше неподготвена за акумулација на снег или мраз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button