
Кардиналите на Римокатоличката црква ќе ја започнат конклавата за избор на нов папа на 7 мај, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на високи претставници на Ватикан.
Како што е наведено, тој датум е избран за време на затворен состанок на кардиналите во Ватикан, прв по погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Околу 135 кардинали, под 80 години, имаат право да учествуваат на конклавата.