ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Констатирани неправилности во училишта за Денот на албанското знаме

Државниот просветен инспекторат констатирал неправилности во активностите за Денот на знамето, организирана во училиштето во селото Челопек, општина Бервеница, каде што децата со армиски униформи на ОНА и импровизирано оружје настапувале пред своите родители. Министерката за образование Весна Јаневска, рече дека одговорноста ќе ја сноси наставничката кој ја организирала оваа приредба. Исто така, Јаневска рече дека во ова училиште и во други каде беа организирани слични манифестации ќе се спроведат обуки за соживот, мултукултурализам, и мултиетничност.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button