
Антонио Конте се покажа како вистински избор за нов тренер на Наполи, бидејќи италијанскиот стратег ја врати моќта на наполитанскиот тим, кој е лидер во Серија А.
Ако се земе знаењето на Конте и фактот што Наполи не игра во Европа оваа сезона, јасно беше дека тие се едни од фаворитите за Скудетото во Серија А.
Но, тоа што го прави Конте е импресивно, бројките зборуваат за подвизите. Наполи по 22 кола оваа сезона има 53 бодови. Наполи по 38 кола минатата сезона имаше исто 53 бодови.