СПОРТФУДБАЛ

Конте: Задоволен од играта на моите играчи, покажаа вистински тимски дух

Наполи претрпе пораз на домашен терен од Лацио и го загуби првото место на табелата, но Антонио Конте имаше само пофални зборови за изданието на својата екипа. Примениот гол на десет минути до крајот се покажа кобен за „наполитанците“, но трофејниот стручњак е убеден дека прикажаната игра на неговиот тим е доказ дека Наполи се наоѓа на вистинска патека.

Advertisements

„Мислам дека овој натпревар покажа дека сме на вистинска патека, бидејќи нашата фудбалска филозофија е да бидеме агресивни, да имаме иницијатива и да создаваме опасни ситуации пред противничкиот. Сигурно мораме да ги поправиме додавањата во последната третина од теренот, ова не беше прв пат да имаме долг посед на топката во овој дел од теренот и да не направиме ништо конкретно. Дефинитивно не сум разочаран од изданието, момците дадоа се, покажаа посветеност, вистински тимски дух против една силна екипа како што е Лацио. Знаевме дека ова нема да биде лесна авантура, ќе имаме пречки на патот, но јас верувам дека Наполи е подготвен за високи дострели бидејќи видов одличен тим на теренот, без оглед на крајниот резултат. Единствено жалам што резултатот не беше поинаков“, изјави Конте.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button