ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Контроли во фирмите дали исплаќаат минималец од 18.000 денари

Државниот трудов инспекторат во првите две недели од април ќе врши интензивни проверки на фирмите од земјава за да потврди дали работодавачите ги исплатиле мартовските плати според Законот за минимална плата. Таа е веќе зголемена на 18.000 денари.
Ова за „Радио Слободна Европа“ го изјави министерката за труд и социјала, Јованка Тренчовска, додавајќи дека ќе се прават посебни контроли во фирмите кои се веќе евидентирани како фирми кои не ги почитуваат работничките права. /Алсат.мк