ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Координација за следните активности на Собранието

Пратениците денеска официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, денеска треба да одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека и натаму ќе ја продолжат блокадата на собранието. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски вчера изјави дека нема да присуствува на денешната координација, бидејќи и претходно договореното за текот на работа, власта не го почитувала. Во следниот период најавува дека ВМРО-ДПМНЕ во Собрание ќе бара детални извештаи за трошоците на државата во прогласена кризна состојба.