СПОРТФУДБАЛ

Копа Америка, познати се и првите два четвртфинални пара

Се комплетираа две од четирите групи на Копа Америка, па така познати се и првите два четвртфинални пара во ова натпреварување. Аргентина и Канада од групата А, заедно со Венецуела и Еквадор се сигурни меѓу осумте најдобри на континенталниот собир на Јужна Америка.

Според однапред утврдените принципи, познато е дека аргентинците како првопласирани од групата А одат на мегдан со Еквадор кој беше втор во Б конкуренцијата, а Венецуела ќе се судри со Канада.

Во Ц и Д конкуренциите сигурна во четвртфиналето е само Колумбија, а само теорија и голем дебакл може да го остави Уругвај без нокаут фаза. Во пол-позиција за преостанатите две позиции се Соединетите Американски Држави и Бразил.

Четвртфинални парови на Копа Америка:

Аргентина – Еквадор (5 јули, 03:00 часот)

Венецуела – Канада (6 јули, 03:00 часот)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button