ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Копањето“ биткоини причина за зголемена потрошувачка на струја во земјава, вели првиот човек на РКЕ

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски утрово информира дека зголемената потрошувачка на електрична енергија во земјава се должи и на копањето биткоини.

– Особено во делови на Скопје. Покрај тоа, имаме и нелегално превземање на струја. Од податоците што располагаме, електродистрибуција веќе има фатено поголем број потрошувачи и домаќинства кои копаат и нелегално се приклучуваат на јавното осветлување – вели Бислимовски за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, секое домаќинство е лимитирано да повлече електрична енергија до одредена количина.

– Осигурувачите дозволуваат одредена сила на енергија да се повлече од системот. Тие ги менуваат и неразбираат дека тоа е проблем. Може да прегори инсталацијата и да дојде до пожар. Доколку се прави по легален пат и се пријави, би немале проблеми. Дивото приклучување може да се одрази на тие кои одговорно си плаќаат и не злоупотребуваат – потенцира Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button