ВЕСТИКлиматски Промени

Коперник: Летото во 2024 историски најтопло на северната хемисфера

Земјата во 2024 година ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега, велат од европската служба за климатски промени „Коперник’.

Тие денеска истакнаа дека ова лето било најтопло на северната хемисфера досега. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше највисока досега, или 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, забележува „Коперник“.

„Оваа низа рекордни температури ја зголемува веројатноста 2024 година да биде најтоплата година досега“, изјави заменик-директорката на Коперник, Саманта Бурџис.

Таа додаде дека температурите во иднина ќе бидат поинтензивни ако не се преземат итно мерки за намалување на стакленичките гасови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button