ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кордалов: Европското знаме само за закони за ЕУ

Ограничувањето на расправата на два дена и олеснувањето на процедурите за усвојување на петте предложени закони за коридорите 8, 10 и 10-Д со поставување на европското знаме создава опасен преседан во работата на Собранието. Комуникологот Бојан Кордалов за АЛСАТ истакна дека надлежните на почетокот на годината треба да кажат кои закони ќе бидат донесени со ѕвезда на ЕУ и од кои причини.

Advertisements

Во спротивно, односно, носењето на законите во оваа форма секогаш кога ќе им текне на пратениците, според Кордалов, ја загрозува довербата што граѓаните ја имаат во Европската унија, но може да се толкува и како злоупотреба на оваа алатка.

За појаснување, европското знаме се става кога треба да се донесат закони кои се услов за вклучување на земјата во Европската заедница и со цел усогласување на домашните закони со оние на ЕУ. Во овој случај, измените на закони кои ќе бидат донесени со употреба на оваа алатка се Законот за работни односи, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање, Законот за експропријација и Посебниот закон за автопатишта.

И покрај реакциите во јавноста дека овие закони немаат никаква врска со патот на земјата кон ЕУ, вицепремиерот Артан Груби вчера изјави дека тие се базираат на фактот дека ЕУ го става Коридорот 8 на мапата на европските коридори заедно со Коридорот 10 и Коридорот 10-Д.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button