Коридор 8 и 10д: Владата ги штити компаниите за надзор
Коридор 8 и 10д: Владата ги штити компаниите за надзор

Владата и ИРД инженеринг инсистираат дека нема ништо спорно во компаниите што ќе ги надгледуваат работите на меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“ во Коридорите 8 и 10-Д. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми и претставникот на ИРД инженеринг во земјава, Дарко Спироски, на средба со новинарите ги отфрлија тврдењата на медиумите дека во рамките на групата на компании кои ги надгледуваат работите има фирми со нарушена доверливост.
Интересот на новинарите главно беше за имиџот на компанијата „Евроконсалтинг“ основана од Бранислав Димитријевиќ, лице обвинето за измами и други кривични дела во Ерменија. Интересот на медиумите беше насочен и кон шпанската компанија „ЕПТИСА“ и одлуката на Владата да ја прогласи за фирма која работи незаконски. При јавната набавка, според претставници на Владата и Спироски, биле испочитувани сите законски одредби. Според нив, системот за јавни набавки ги бара наведените услови, но на рестриктивен начин а Комисијата за евалуација нема истражни овластувања. Односно, за да се пријави една фирма на одреден тендер, системот за јавни набавки налага фирмата да нема негативни референции, да не е во стечајна постапка и да нема одземена лиценца. Иако за физичките лица велат дека Законот за јавни набавки се прилагодува на практиките на земјите од каде што се лицата. Доколку властите на државата во која живее физичкото лице бараат докази за кривична неказнивост , такво нешто се бара и од нас, ако не, овој филтер се поминува со изјава заверена на нотар. Во конкретниот случај докази од кривична евиденција не се барани за ниту едно физичко лице. Рустеми рече дека се испочитувани сите законски процедури и се е транспарентно.
„Оваа постапка помина и низ административна контрола на Бирото за јавни набавки и воедно на странките кои имаа жалби во втор степен каде им беа одбиени жалбите“,рече Ејуп Рустеми, директор на ЈП Државни патишта.
Во меѓувреме, според Бочварски, во целата оваа ситуација важно е што поскоро изградба на коридорите.
Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
Бочварски, Рустеми и Спироски дадоа детали и за цената на проектот, неговата реализација и можните потешкотии на терен. Иако се уште неодговорени за јавноста остануваат прашањата: како никој од Владата, истражните органи или водечката компанија за надзор на работите не виде ништо спорно во компанијата „Евроконсултин“ на Бранислав Димитријевиќ, кој е обвинет во Ерменија и кој е уапсен по потерница издадена од Интерпол ? Како е можно да се ангажира EPTISA, а причините за нејзиното прогласување во 2020 година како компанија што работи нелегално сè уште остануваат мистериозни? Како никој не го зел в предвид фактот дека човекот кој е обвинет за измама при надзорот на работите во Ерменија, според Владата ќе врши надзор врз историски проект, а пред се зошто италијанската компанија ИРД инженеринг воопшто не водела сметка за доверливоста на компаниите со кои ќе работи заедно во надзорот на работите. Се додека медиумите, а не надлежните ги расчистуваат сомнежите, на 22 април паралелно се очекува почеток на работата на двата коридора./Алсат.мк
Адријан Керими