ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Користиме само 35% од водата што ја собираме, другото истекува низ скапаните цевки

Со помош на швајцарската влада, земјава ќе реализира 11-годишен проект за управување, користење и заштита на подземните води, како главен извор на вода за пиење во нашата земја. Проектот има за цел да собере релевантни податоци за состојбата со подземните води, да ги заштити и да управува со нив. Амбасадорката на Швајцарија во Скопје нагласи дека речиси 100 отсто од водата за пиење во земјава доаѓа од подземни извори, па затоа е неопходна нивна заштита и добро управување.

„Тука сме да помогнеме долгорочно, но она што е важно е да се дејствува веднаш, итно, за да се заштитат водите. Започнавме со анализа на Катастарот на подземни води. Она што сега го правиме е да ги вклучиме сите засегнати страни за да ги дефинираме приоритетите што треба да се започнат што е можно поскоро“, вели Вероник Улман Марти, амбасадорка на Швајцарија.

Министерката за екологија изјави дека констатирале одредени недостатоци во врска со обезбедувањето податоци и управувањето со подземните води. Таа додаде дека, дополнително, околу 65 отсто од водата за пиење во земјава се губи во застарените системи за снабдување.

Владата добива заеми од Европската инвестициска банка за реновирање и модернизација на системите за снабдување во сите општини.

„Дека загубите на вода се големи во текот на изминатите години, знаеме со години, за жал голем дел од општините имаат застарени водоводи“, рече Каја Шукова, Министерка за екологија.

Почетната фаза на програмата ќе чини 530 илјади швајцарски франци, а периодот на реализација ќе биде од јануари 2024 година до декември 2027-ма.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button