ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Коронавирусот повеќе не е опасност по јавното здравје

Комисијата за заразни болести препорачува целосно укинување на сите мерки против КОВИД-19. По Светската здравствена организација, и здравствените власти во земјава соопштија дека коронавирусот повеќе не претставува опасност за јавното здравје.
Иако бројот на позитивни слуачи е намален, од комисијата велат дека вакцинацијата и натаму останува безбедна мерка за превенција.
Првиот случај на КОВИД-19 во Македонија е регистриран на 26.02.2020 година. Најголем број заразени на неделно ниво се забележани во четвртата недела од 2022 година, кога беа регситрирани 11.881 позитивни случаи. Бројот на починати во Македонија достигна околу 10.000 (9.937 ). Најголем број од починатите се мажи постари од 60 години, кои имале и други болести.
Вјолца Алити