Коронавирусот повторно влегува меѓу штипските текстилни работници

По пауза од два месеца коронавирусот повторно влегува во штипските конфекции. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова потврдуваат дека позитивни случаи имаат кај работници во една голема штипска фабрика во ТИР зоната и во една помала конфекции.
На последниот кризен штаб, инспекторите, но и Кристина Ампева од Гласен Текстилец побараа повторно да се заголемат контролите на автобускиот превоз, но и во вистинска смисла на зборот да функционираат Ковид координаторите во фабриките, кои нема да дозволат групирање на работниците за време на паузите.
-Општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе упати Барање до Комисијата за заразни болести и Централниот Штаб за изработка на конкретен Протокол за вршење на превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај кој ќе го замени Протоколот за вршење на меѓуградски превоз од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID – 19. Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на Република Северна Македонијаа посебно и видовите на превоз кои се одвиваат на територијата на локално ниво кои не се опфатени со Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, се вели во заедничкото соопштение на Општинскиот кризен штаб-Штип.