ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Корупцијата во земјава распространета во многу области, оценува Извештајот на ЕК

Корупцијата во земјава е распространета во многу области и останува прашање на загриженост, се наведува меѓудругото во извештајот од ЕК за напредокот на државава.

Advertisements

Во поглед на правосудството во Извештајот се оценува дека земјата има одредено ниво на подготвеност, односно е умерено подготвена да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во областа на владеење на правото Поглавје – 23. Генерално постигнат е одреден напредок, вклучително и преку зајакнатата судска независност и решавањето на случаи на полициска неказнивост, се вели во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата.

Најавената дигитализација пак, се оценува како преголем залак, со оглед на тоа дека досега во најголем дел зависи од странски донации, како и неатрактивните плати за ангажирање на соодветни ИТ експерти.

Во делот за борба против организираниот криминал се нотира одренед напрадок, но се бара поголема ефикасност при спроведување на некои закони:

– Постигнат е одреден напредок на оперативно ниво, но треба да се направи повеќе за да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Координацијата останува клучна за сите засегнати страни вклучени во борбата против организираниот криминал, стои во Извештајот на ЕК, за напредокот на земјата.

Некои од претходните препораки од извештајот за 2020 година остануваат важни. Во наредната година, земјата треба, особено да работи на:

– натамошно подобрување на учинокот на истраги, гонења и пресуди за организиран криминал и перење пари, и демонстрација на способност за ефикасно разбивање на големи криминални мрежи;

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button