Кос: Поглавјата можат да се отворат веднаш по уставните измени, без други услови
Кос: Поглавјата можат да се отворат веднаш по уставните измени, без други услови

Поглавјата можат да се отворат веднаш по уставните измени, без други услови, изјави комесарката за проширување Марта Кос по состанокот со регионалните лидери во Скопјe. Таа рече дека ЕУ е најдобрата опција за зачувување на идентитетот. Кос не коментираше за неодамнешните напори во Европскиот парламент за додавање на зборот „модерен“ на македонскиот јазик и идентитет.
„За Европската комисија, ситуацијата е јасна, ако Северна Македонија ќе го спроведе и измени Уставот, што не е лесно и јас сум многу свесна за тоа, тогаш веднаш треба да започнеме со отворање на поглавјата без дополнителни одлуки и услови. Членството во ЕУ е најдобриот начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, бидејќи ЕУ е изградена врз различноста и се грижи за земјите-членки и гарантира дека идентитетот е заштитен. Идентитетот, според мене, никогаш не може да биде прашање на политички одлуки. Идентитетот е нешто што го носиме во нашата душа и срце, идентитетот е како се чувствуваме за нашата земја, идентитетот е како се грижиме за нашите традиции како што се манастирите, како „погача“, „тавче гравче“, „пинџур“ или „полнети пиперки“, рече Марта Кос, комесар на ЕУ за проширување.
Сепак, премиерот не е убеден во гаранцијата. Тој вели дека напорите за дефинирање на македонскиот јазик и идентитет како „модерни“ можат да продолжат. За премиерот, идентитетот е повеќе од традиционална храна..
Пред неколку дена, во Европскиот парламент, имаше обиди од страна на некои европратеници да го додадат зборот „модерен“ пред македонскиот јазик и идентитет во извештајот за Македонија. Амандманот падна на комисијата, но не е исклучено повторно да биде предложен на пленарна седница во наредните денови./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши