ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кошничката достигна две и пол минимални плати

Кошничката достигна две и пол минимални плати

Синдикалната минимална кошничка достигна речиси три минимални плати. Таа расте од месец во месец, но не поради раст на платите, туку поради постојаното поскапување на основните животни трошоци.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница годинава изнесува 61.855,00 денари, споредбено со февруари бележи намалување за речиси 2000 денари. Но вредноста на кошничката за месец април споредбено со март бележи зголемување за 836 денари.

Advertisements

„Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект. Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78% во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени”, велат од Сојуз на синдикати на Македонијa.

Од Ссм прашуваат дали ако целта на синдикалната кошничката е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, целта на владината просечна кошничка е да покаже дека не треба да има зголемување на платите на работниците?
Новата Владина просечна потрошувачка кошничка иако првично требаше да ја изготвуваат синдикатите заедно со властите, сепак ја изготвуваат само властите, односно министерствата за Економија, Земјоделие, Финансии, Државниот пазарен инспекторат, и комисијата за заштита на кокнуренцијата.
Владата во новоизготвената кошничка одлучи дека одредени овошја и одморите не заслужуваат место во просечна потрошувачка кошничка- бидејќи според нив тие се сметаат за „луксуз“. Истата се очекува да биде објавена до крајот на месецов./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button