Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија

Долга, но многу конструктивна посета и разговор. Вака претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја оцени средбата која ја имаше денес со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
-Јас цврсто верувам дека проширувањето е заедничка цел која ја споделуваме и ова е најдобрата геостратешка инвестиција во мир, стабилност и безбедност што сите можеме да ја направиме. Ја поздравувам одличната работа која што беше завршена од страна на Македонија, од вашата Влада во поглед на реформската агенда и напредокот кој беше постигнат. Мораме да ја искористиме оваа можност да направиме стратешка инвестиција, да ја завршиме, како што се Коридорите 8 и 10. Во текот на нашата средба јас повторив дека иднината на Македонија е во Европската Унија. Постигнавме поприлично многу досега и дискутиравме за преостанатите чекори кои треба да бидат превземени за да се заврши овој процес, рече Кошта.