СВЕТ
Кошта: Лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за посетата на Макрон на САД

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре ќе организира видео-конференција на членовите на Европскиот совет за да се запознае со посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Вашингтон, каде што тој разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.
Кошта на социјалната мрежа Х нагласи дека видео конференцијата ќе се одржи за да се подготви за вонредниот состанок на Европскиот совет следната недела.
„Со цел да се подготвам за специјалниот Европски совет на 6 март, утре наутро организирам видео-конференција на членовите на Европскиот совет за да го слушнам извештајот од претседателот Емануел Макрон за неговата неодамнешна посета на Вашингтон“, рече Кошта.