РЕГИОН

Косово ги прави последните подготовки во пресрет на гласањето в недела

Косово ја заврши својата 30-дневна кампања на кандидати за градоначалници пред локалните избори в недела. Централната изборна комисија, полицијата и обвинителството на Косово соопштија дека се направени сите подготовки за одржување на изборите. Во меѓувреме, кампањата беше опишана како мирна и без инциденти. ЦИК ги повика граѓаните да излезат и да го искористат своето право на глас.

„Се разбира, најважниот ден е денот на изборите, затоа во име на ЦИК ги поканувам политичките субјекти, нивните кандидати и секоја друга партија што има улога во која било форма во изборниот процес да се придржуваат кон законот и изборните правила, во спротивно ризикуваат да извршат кривично дело. За крај, сакам да им се обратам на сите граѓани со право на глас да излезат на гласање во недела за да го изберат својот градоначалник и членови на општинските собранија“, рече Крешник Радониќи, претседател на ЦИК Косово.

Лаура Пула од Државното обвинителство рече дека се создадени механизми за соодветен процес, каде што ќе има 80 дежурни обвинители во 38 општини на Косово, за да го зачуваат гласот на граѓаните.

„На овие избори имаме 80 дежурни обвинители заедно со помошен персонал, кои ќе соработуваат редовно и во реално време заедно со полициските истражители на Косово во 38 општини на Република Косово … Ако на крајот дојде до злоупотреба на слободното гласање на граѓаните , државниот обвинител заедно со косовската полиција ќе бидат чувари на заштитата на гласовите. Значи, сите гласачи што ќе го злоупотребат гласот ќе бидат уапсени, но и одговорните службеници исто така ќе бидат уапсени“, изјави Лаура Пула, обвинителство на Косово.

Покрај обвинителите, на изборите в недела ќе бидат ангажирани 3.352 полицајци. Бројот на граѓани со право на глас во рамките на Косово е 1 милион 885 илјади 448 избирачи.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button