
Утрово на северот на Косово е мирно, по бурното деноноќие. Приштина ја одложи одлуката за реципроцитетни мерки за 1 септември.
Србите ја поминаа ноќта на барикадите.
Причината за тензијата е што примената на реципроцитетните мерки требаше да почне на 1 август, поточно, како што соопшти косовската Влада, од полноќ на сите што ќе дојдат на премините со лична карта на Република Србија ќе им биде врачен влезно-излезен документ. Исто така, требаше да почне и пререгистрацијата на возилата со српски таблички на косовски таблички.