ВЕСТИРЕГИОН

Косово, реакции за обвиненијата на Специјалниот суд

По потврдувањето на обвиненијата против поранешните припадници на Генералштабот на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, реагираа властите во Косово и регионот. Владата на Косово преку соопштение објави дека ги следи последните случувања со Специјалниот суд, кој се дел од правосудниот систем, барајќи да се почитува презумпцијата на невиност на секој обвинет.

Advertisements

Претседателот на Алијансата за Иднина на Косово, Рамуш Харадинај, реагираше на случувањата и побара национално единство и безрезервна поддршка за поранешните припадници на Генералштабот на ОВК. На итниот состанок на АИК беше побарано итно прекинување на дијалогот со Србија.

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, се воздржа од реакција на обвинението против шефот на пратеничката група на Самоопределување, Реџеп Селими. Курти истакна дека Специјалниот суд може да му суди на Реџо, но иднината и историјата ќе го судат овој специјален суд.

Реагираше и претседателот на Албанија, Илир Мета и ја оцени оставката на Тачи како чин што ја докажува неговата невиност, и побара соработка и единство меѓу Косово и Албанија. Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека претседателот Тачи и неговите соборци ја заслужуваат поддршката и солидарноста на Албанија, нарекувајќи го обвинението против поранешните припадници на ОВК како апсурден процес. Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Тачи, Весели, Красниќи и Селими ќе излезат со бел образ од оваа битка, исто како што излегоа со бел образ во војната и независноста.

Со реакција излезе и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој како сведок беше и гостин на Специјалниот суд. Ахмети изјави дека очекува обвинетите да ја докажат чистотата и правичната борбата на ОВК. Во меѓувреме, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши напиша дека предизвикот со Специјалниот суд ќе ја докаже склоноста за слобода и држава.

Adrian Kerimi

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button