ВЕСТИРЕГИОН

Косовската полиција го покажа арсеналот оружје запленет кај Бањска, приведени уште две лица

Косовската полиција во Јужна Митровица го покажа оружјето, возилата и предметите запленети во селото Бањска на северот на Косово по завчерашниот напад на вооружената група во кој загина полициски старешина, а три лица од групата беа убиени и неколкумина уапсени.

На прес-конференцијата на косовското Министерство за внатрешни работи, на која присуствуваа високи офицери и раководители на полицијата, беше презентиран списокот со запленетото оружје.

Меѓу она што е запленето, според косовската полиција, се стотици видови оружја од различен тип и калибар, униформи и логистичка опрема, вклучително и воено оружје од тежок калибар како гранати, зољи, митралези, калашникови, рачани гранати, беспилотни летала, муниција, радиоврски, телефони и картички, алатки за работа, мапи, воени униформи и разна документација.

Фото: Косовска полиција (Фејсбук)

Косовската полиција, како што пренесе српската телевизија Н1, повикувајќи се на „Коссев“, уапсила уште две лица во хотел во Бањска, каде, според информациите, е пронајдено и оружје.

Фото: Косовска полиција (Фејсбук)

Упасените се хотелски работници, изјавил за „Коссев“ заменик-командантот на косовската полиција за северот на Косово, Ветон Ељшани.

Фото: Косовска полиција (Фејсбук)

Ситуацијата на северот на Косово, во околината на селото Бањска синоќа, како што пренесе Н1, била мирна, а според полицијата детален увид и истрага се врши во целото село.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button