ВЕСТИРЕГИОН

Косовската полиција итно изнајмила тешка механизација

Косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра со приватна компанија за изнајмување на тешка механизација, специјализирана за „кршење камења“. Договорот меѓу косовската полиција и приватната компанија „Ол Стоун“ со седиште во Обилиќ, денеска бил склучен по итна постапка за набавка, врз основа на податоците објавени на платформата за е-набавки, објави Косово онлајн повикувајќи се на известувања на приштинските медиуми.

Advertisements

Не се знае каква опрема „тешка машинерија“ изнајмила косовската полиција и за каква цел ќе ја користи. ТВ Пинк синоќа објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „добил ултиматум во рок од 24 часа да ги отстрани барикадите на северот на Косово“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button