Косовската царина фати две возила со шверцувана стока од Северна Македонија во вредност од 19 илјади евра
Косовската царина фати две возила со шверцувана стока од Северна Македонија во вредност од 19 илјади евра
Косовската царина соопшти дека во текот на минатата ноќ, во два одделни случаи, спречила шверц на стока од Северна Македонија – парфеми и електронски цигари – во вредност од над 19 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во првиот случај, според денешното соопштение на царината, запрено е патничко возило со косовски регистерски таблички во кое се пронајдени непријавени пакувања парфеми во вредност од 13,7 илјади евра.
-Синоќа во 20:50 часот царинските службеници запреа возило со косовски регистарски таблички. Странката на прашањето дали има нешто да пријави, одговори дека нема. При проверка на багажот и просторот за резервна гума, полицајците открија 226 пакувања парфеми од позната марка, со вкупна вредност од 13.699,70 евра. По откривањето, стоката е одземена и во моментот е подложена на постапки за нејзината автентичност, се наведува во соопштението.
Во врска со вториот случај, во соопштението се посочува дека синоќа во 22:45 часот поради контрола било запрено возило со регистарски ознаки на Република Северна Македонија. Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, полициските службеници извршиле втор претрес и откриле 40.000 електронски цигари (200 штеки) во вредност од 4.340 евра, скриени во различни делови од возилото.
-Двете лица го прекршија царинскиот и акцизниот законик на Косово. Предметите се упатени во Секторот за царински прекршоци за понатамошно правно постапување, додека Секторот за истраги работи на дополнителни увиди“, се наведува во соопштението.