
Владата на Косово, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, донесе нови мерки што ќе се применуваат од 20 август. Министерот за здравство Арбен Витиа изјави дека на новите мерки е поради зголемениот број на заразени со коронавирус. Според одлуката, до 10 септември ќе може да се влегува во ноќни клубови, дискотеки и објекти каде се одржуваат свадби, семејни забави со капацитет од над 100 луѓе само со потврда за вакцинација.
Во прилог на потврдата за вакцинација за влез; доволен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, доказ дека лицето има прележано ковид-19, како и антиген тест не постар од 48 часа. Витиа објави дека наставата ќе започне во септември. Сѐ уште е задолжително носење маска во затворени простории.