ВЕСТИРЕГИОН

Косовскиот претседател, Хашим Тачи поднесе оставка

Потврдено обвинението против претседателот на косово, Хачим Тачи

Судот во Хаг го потврди обвинението за воени злосторства против претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Во своето денешно обраќање тој ја потврди одлуката на Судот и ја објави својата оставка.

„Ќе соработувам со правдата и од овој момент ќе бидам на располагање на правдата. Повеќе од кога било, ве молам и ве повикувам да не губите надеж, верба и трпеливост. Добивме слобода и независност, сега ја градиме државата. Обвинението е следната мала цена што треба да ја платиме за слободата на нашата земја. Горд сум што бев дел од ОВК, горд сум што заедно со нашите сојузници ја освоивме слободата. Нашата победа значеше и одговорност “, рече Тачи.

„Ние сме народ кој го сака слободата и не е одмаздоубив народ“, рече Тачи, додавајќи дека Косово е жртва, а Србија агресор. Оваа ситуација ќе ја претвориме во предност за иднината на Косово. Ве замолувам за разумност, смиреност, за единство и унија, да останете обединети, ова го гарантира нашиот успех. „Нашиот успех е слободно Косово“, рече Хашим Тачи, претседател на Косово.

Претходно денес, обвинение беше потврдено и против претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, кој најави дека ќе им се предаде на истражителите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button