ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Косовскиот заменик-министер за правда во посета на затворот каде што се осудените за „Диво насеље“

Заменикот министер за правда на Косово Блерим Салаху, како што најави, денеска ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, односно за настаните од мај 2015 година во Куманово.
Меѓутоа, македонскиот заменик-министер за правда Агим Нухиу потврдувајќи дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, изјави дека не била предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“. Во изјава за МИА, Нухиу рече дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот Идризово, но не и со затворените лица.