ВЕСТИРЕГИОН

Косовските полицајци во притвор, Еди Рама бара нивно ослободување

Косовските полицајци во притвор, Еди Рама бара нивно ослободување

Основниот суд во Краљево, Србија, им изрече мерка притвор на тројцата косовски полицајци кои српските сили ги уапсија на 14 јуни. Според српските власти, тие се осомничени дека сториле кривично дело: изработување, поседување, држење и недозволено тргување со оружје и распрскувачки материи. Владата на Косово пак, тврди дека полицајците биле „киднапирани“ од територијата на Косово, а Србија тоа го негира, велејќи дека биле уапсени на нејзина територија.

Advertisements

Во меѓувреме, премиерот на Албанија, Еди Рама побара итно ослободувањето на полицајците, додавајќи дека Косово треба да ја искористи златната шанса што ѝ ја нуди меѓународната заедница. На заедничката прес-конференција денеска со неговиот унгарски колега Виктор Орбан, Рама рече дека Албанија ги користи сите можни канали за да обезбеди ослободување на полицајците.

„Она што можам да го кажам е тоа што го кажав, од првата секунда се ангажиравме на сите четири страни преку сите можни канали за ослободување на полицајците. Ова е важно на политичко ниво и на ниво на односи, но нема никаква важност за тројцата кои денес се далеку од својот дом и кои мора веднаш да се вратат. Тие не можат да бидат приведени за преминување на границата, мора да се вратат во своите домови. Не сториле никакво кривично дело дури и да била фатени од двете страни, преминување на граница значи враќање назад, нивниот притвор е неоправдан ако продолжи и понатаму, неоправдано е од почеток, уште денес мора да си заминат“, изјави Еди Рама, Премиер на Албанија.

А, тензиите во Северно Косово продолжија и денеска. Прво во текот на ноќта пред полициските станици на северот се слушнале силни експлозии од кои бил оштетен полициски автомобил. Според косовската полицијата, се работи за фрлени шок бомба.

Потоа група српски демонстранти во Лепосавиќ се обидоа насилно да влезат во зградата на општината, сметајќи дека таму се одржува средба меѓу министерот за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи и градоначалникот на општината Љуљзим Хетеми. Според медиумите во Приштина, демонстрантите подоцна се повлекле зад оградата на НАТО и КФОР.

Во меѓувреме, ниту еден камион со стока со потекло од Србија не е влезен на територијата на Косово откако Владата пред два дена донесе одлука за забрана за влез на камиони со српски производи. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button