ЕКОНОМИЈА

Костадинов: Солидарниот данок ќе ги погоди двигателите на македонската економија

Дестабилизирање на веќе воспоставените економски текови и несигурност во идните вложувања, вака Ромео Костадинов, од Сојузот на стопански комори гледа на предлогот за воведување на солидарен данок. Со него би биле опфатени околу 200 компании што лани оствариле приход над 10 милиони евра. Тие ќе треба да платат 30% данок на државата. Пари што би се искористиле за понатамошно справување со енергетската криза.

Advertisements

„Се плашиме дека и од оваа акција на солидарен данок ќе произлезе собирање на средства од двигателите на македонската економија, ќе се забави економскиот раст и нема да се постигнат ефектите, она што е посакувано, спречување на економската, енергетската и кризата со храната во Македонија“, рече Костадинов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button