МАКЕДОНИЈА
Костадиновска: Дигиталните учебници може да се отпечатат, не е потребна постојана интернет конекција

Дигиталниот учебник не бара постојана конекција со интернет, туку се презема на дигиталниот уред и може да се отпечати, појаснува во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“, пратеничката од владејачката СДСМ, Бисера Костадоновска. Како што додава таа, печатените учебници остануваат во употреба во паралелките од прво до трето одделение.
„Од четврто до деветто одделение се дава предност на дигиталниот учебник. Тој не бара интернет постојано. Тој се спушта во таблет и стои таму сѐ додека на корисникот му треба…во Законот стои дека за социјално загрозените семејства, МОН и општините ќе овозможат таблет уреди, а постои опцијата да се отпечатат тие учебници“, вели Костадиновска.