МАКЕДОНИЈА

Костадиновска: Оптимисти сме, но внимаваме на нашите црвени линии

Пратеничката Бисера Костадиновска од владејачката СДСМ, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат изрази оптимизам во врска со очекувањата за првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ. Таа додаде дека нашите црвени линии се поставени и оти за некои работи нема простор за преговори.

Advertisements

„Ние сме оптимисти оти, како што покажавме со Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, дека проактивно приоѓаме кон решавање на проблемите. Ние ги поставивме нашите црвени линии, тоа е нашиот јазик и идентитет и за тоа нема преговори. Не можеме да очекуваме дека со некаков документ некој ќе смени кои сме и како се чувствуваме“, вели Костадиновска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button