Костадиновски: Ги отфрлам лагите и манипулациите на ДУИ
Костадиновски: Ги отфрлам лагите и манипулациите на ДУИ

„Не само политички примитивизам, туку политичко дивјаштво и со индигнација ги отфрлам сите лаги и сериозни манипулации кои веќе стануваат сериозни”, рече Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.
Ова го истакна првиот човек на Уставниот суд во неофицијална комуникација со новинарите, упатувајќи низа атрибути на ДУИ, кои денеска фрлаат сенка на сомнеж врз Уставниот суд, како дел од оркестриран политички синџир за укинување на законот за употреба на јазиците, а со тоа и создавање меѓуетнички тензии и отворање на раните од минатото.
„Од каде знаат каква ќе биде одлуката на Судот? „Што ако судот каже дека нема проблем со Законот, ќе се извинат?„, додаде Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.
„Ова се опасни манипулации и лаги, тие мора да се научат политичка култура. Ниту една интервенција нема да не клекне на колена. Охридскиот договор е дел од Уставот„, нагласи тој.
Костадиновски рече дека би бил задоволен дел од граѓаните да му веруваат на Уставниот суд, бидејќи од политиката не очекуваат ништо друго освен манипулации. ДУИ денеска на 4-годишнината од донесувањето на Законот за употреба на јазиците истакна дека:
„Обидот за оспорување на Законот за употреба на јазиците е насочен кон оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок. Ова може да доведе до длабока политичка и институционална криза, со непредвидливи последици“, велат од ДУИ.
„ДУИ ќе го брани Законот за употреба на јазиците со сите демократски средства и нема да дозволи враќање назад“, додадоа од ДУИ.
ДУИ крена шатори и во декември минатата година кога Уставниот суд одлучи да одржи подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, протест кој беше прекинат истиот ден кога Артан Груби беше ставен на американската црна листа./Алсат.мк
Суад Бајрами