ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Политиката да ги тргне рацете од Уставниот суд

Костадиновски: Политиката да ги тргне рацете од Уставниот суд

Политиката треба да ги држи рацете подалеку од Уставниот суд, а граѓаните да не станат жртви на манипулации, порача првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во својот говор за крајот на годината која ја оцени дека била успешна за работата на оваа институција.

Advertisements

Впрочем, Костадиновски во континуитет даваше вакви изјави, особено во последните три месеци кога во Судот се разговараше за прашањето за балансерот и се поведе постапка за Законот за употреба на јазиците. Овие две одлуки беа причина за судири меѓу партиите кои меѓусебно се обвинуваа за влијание и притисок, за надгласување на етничка основа или за тоа кој кого како стигнал до судиското столче.
На прашањето на Алсат дали може да каже кој вршел притисок, Костадиновски рече дека тоа е очигледно, навестувајќи дека зборува за изјавите на претставници на ДУИ и на Европскиот фронт, кои протестираа со шатори пред Уставниот суд, во деновите кога требаше да се одлучи дали ќе почне постапката за Законот за употреба на јазиците.

На дополнително барање од Алсат да ги коментира и изјавите од партиите, Костадиновски рече дека и премиерот дал непримерни изјави.

Костадиновски рече дека подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците се очекува да се одржи во март, а списокот на учесници се очекува да биде утврден утре. Тој ги повика и судиите Албанци кои ја бојкотираа седницата на 11 декември, да учествуваат за да се вкрстат аргументите.

На подготвителната седница се очекува да има и претставници на Венецијанската комисија, кои треба да го разјаснат своите мислења за спорните одредби./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button