ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Со законот за јазици, политиката создаде правен хаос

Костадиновски: Со законот за јазици, политиката создаде правен хаос

Уставниот суд на почетокот на октомври ќе го стави на дневен ред Законот за јазици, поточно предметот формиран од 2019 година. Првиот човек на Уставниот суд вели дека случајот е комплициран и обемен, бидејќи се состои од 13 различни иницијативи, од политички партии и здруженија. Дарко Костадиновски во интервјуто за државната новинска агенција МИА вели дека законот предизвикал правен хаос, што, како што рече, резултирало со политички хаос. Костадиновски нагласува дека најголемиот товар за ова прашање кое го нарекува комплицирано паѓа на Уставниот суд, но ветува брза одлука без разлика на степенот на чувствителност.

Advertisements

„Со законот за јаизици, политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам. Свесни сме за јавниот интерес и за можните последици доколку Судот одлучи да го укине или да го остави во примена овој Закон или да интервенира во одредени одредби, можно е да има незадоволни. Она што е важно е да се видат објективно аргументите во одлуката каква и да е пред да се дава било каков коментар. Одлуката на Судот треба да биде почитувана и прифатена како израз на зрелост на политиката и на општеството, одлуката да биде ориентир рамка за делување на законодавецот. Факт е дека Законот се применува и дека создава проблеми во примената како што рековте, од тој аспект од 1 септември со стапувањето во сила на новиот Акт на Судот, со цел да не настапат штетни последици за граѓаните, Уставниот суд има можност со евентуална одлука за поведување постапка да одреди временски рок во кој законодавецот треба да се усогласи и да ги отстрани евентуалните уставно проблематични одреби во рок не подолг од шест месеци. Јас не можам да предвидам дали до тоа ќе дојде!”,рече Дарко Костадиновски, претседател на Уставен Суд.
На прашањето дали ќе успее Судот мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата како и можните безбедносни предизвици, Костадиновски рече дека како членка на НАТО треба да научиме да ги прифаќаме одлуките на Уставен суд без емоции.

“Клучно за вакви предмети е она што веќе го истакнав, прво да се одлучуваат на време, да не се чуваат во фиока со години, бидејќи на тој начин и самото неодлучување на Судот е некаква одлука во поткрепа на политичките компромиси. И второ е прашањето на демократската зрелост, ако станавме членка на НАТО, ако сме спремни да преговараме со ЕУ, тоа значи дека веќе споделуваме вредности кои се карактеристични за стабилна демократија, а во преминот кон зрела демократија мора да научиме дека одлуките на Уставниот суд треба да бидат прифаќани и почитувани како одлуки во кои нема да има емоционални, политички аспекти, верски или етнички, туку чисто правни аргументи“, ,рече Дарко Костадиновски, претседател на Уставен Суд.

Костадиновски во интервјуто зборуваше и за балансерот кој е на дневен ред пред Уставниот суд на 18 септември. Тој рече дека се очекува дебата со факти и правно-уставни аргументи. Според него, билансерот е испратен до Уставниот суд од државна институција и предметот што е претставен пред Судот, според него, несомнено создава дилеми во општеството и задача на Уставниот суд е да ги избегне дилемите за да биде прифатен од сите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button